Спасовски: Се плашат од новото парламентарно мнозинство, не се откажуваме од избор на претседател

од Vladimir Zorba

Нашите барања ќе го покажат новото парламентарно мнозинство во работата на собранието и тие од тоа се плашат, порача Оливер Спасовски на прес конференцијата која ја оддржа во Собранието на Репулика Македонија. 

– Денес во Собранието парламентарното мнозинство врз основа на одредбите од Деловникот побара од претседавачот да стави на гласање преминување на наредната точка на дневниот ред со цел да се одблокира собранието да се избере претседател и да биде во полна функција како највисок претставнички орган на граѓаните – рече Спасовски.

Тој додаде дека наместо тоа, Трајко Вељаноски на најгруб начин, како што рече, покажал како се узурпира позицијата претседавач и како се крши Деловникот.

Спасовски рече дека инсистира како пратеник неговиот предлог да биде ставен на гласање затоа што, како што кажа на прес конференцијата, „тоа е пропишано со деловникот“ и порача дека од новото парламентарно мнозинство се одлучни  да се избере нов претседател „и на тоа работиме“.

 

 

Слични содржини