Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ ја зголеми оценката за Грција од „Б-“ на „Б“  земајќи го предвид подобрувањето на економската состојба на земјата по неколкугодишната криза.

– Веруваме дека буџетските перспективи и изгледите за раст на Грција се подобрени, а во исто време има заживување на пазарот на трудот и период на релативна политичка стабилност, соопшти агенцијата.

Новата проценка е со позитивна перспектива што значи дека е можно таа повторно да се зголеми.

Слични содржини