Официјално МВР соопшти дека во судирот со мигрантите кои насилно сакаа да влезат на тероторија на Македонија учествувале армиски и полициски сили, како и меѓународните полициски сили,  кои се на границата за обезбедување на протокот на мигрантите од Грција.За време на нередите повредени се вкупно 23 службеници и тоа 14 полициски службеници  и девет припадници на АРМ, оштетени се три возила на МВР и пет возила на АРМ како и повеќе полициски штитови и друга  опрема . Повредени странски полициски службеници нема

F6BE6A2A-32EA-48A8-BA1A-FA51C8D8C4D9_w640_r1_s

Организацијата Доктори без граници соопшти дека нејзините доброволци третирале околу 300 луѓе поради проблеми со дишењето и повреди од гумени куршуми по судирите со македонската полиција која ги спречи да ја прескочат оградата на македонско грчката граница. Најмалку шестмина биле хоспитализирани.

мкд полице

До ова дојде во близина на дивиот камп Идомени каде што има над 11 илјади мигранти. Балканските држави ја затворија мигрантската рута кон северот на Европа кон средината на февруари годинава. Пред насилствата група од 500 луѓе реагирале на гласовите дека границата ќе била повторно отворена. Откако тоа било демантирано од македонската полиција стотина мигранти, вклучувајќи и деца, се обиделе да се искачат на оградата по што биле одбиени. Грчката полиција воопшто не интервенирала.4758281 (1)

Македонските безбедносни сили   успеа да се справат со обид за нелегално инвазија на стотици мигранти од грчка на македонска земја крај село Моин . При обид да ја преминат границата на Грција со Македонија, мигрантите фрлаа камења и тешки предмети по македонските сили на редот . Полицијата возврати ос шок бомби , гумени куршуми и солзавец

Три групи од околу 700 мигранти од кампот во Идомени  се обидоа да упаднат на македонска земја околу 11.30 часот денес. Тие ја раскинаа бодликава ограда на неколку места и обидоа да го срушат бетонските столбови. “Три групи мигранти од околу 700 лица од илегалниот камп во Идомени истовремено се обидоа илегално да ја преминат границата. Тие  ја уништија заштитната ограда на три локации во близина на селото Моин.

4757623 (1)

Македонските власти испратија и хеликоптери, за да се справи со ситуацијата. При денешниот нов обид да упаднат на македонска територија мигрантите од Грција извикувале  “Алах Акбар”

sl 5  Мигрантите се собрале утринава поради ппуштените во последните денови гласини во импровизираниот камп Идомени дека Македонија ќе ја отвори границата.

sl 3Денес повторно се откриени флаери на арапски јазик. Во нив мигрантите се повикуваат да се соберат пред кампот и да тргнат  кон македонската граница.

sl 2 Ова е втор потежок инцидент во овој регион по затворањето на Балканскиот пат на 7-ми март. На 14-ти март, потпомогната од вработени на невладини организации, над 2.500 лица упаднаа границата, но само за неколку часа беа вратени назад на грчка земја. До затворањето на “Балканскиот пат” од Грција во Република Македонија пристигнаа близу 90 000 мигранти. Во изминатата година нивниот број надминува 750 000 луѓе. Сите тие доаѓаа организирано од грчките власти со автобуси и возови до македонскиот пограничен град Гевгелија. Откако Австрија најави дека оваа година ќе прифати само 37 500 бегалци, земјите од “Балканскиот пат” – Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија започнаа да ги затвораат своите граници.

Грчките власти оценија дека употребата на сила од македонската полиција е „опасен и жален чин“, поради што нивниот амбасадор во СКопје вложи протестна за овој чин до македонското МНР.

 

Слични содржини