Судијките што ги донесе Панчевски се вратиле во матичните судови

од desk2

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски по свечената заклетва што ја даде новоименуваниот претседател на кривичниот суд, Иван Џолев на новинарско прашање одговори дека четири судии од Кривичниот суд, кои во време на претходниот претседател Владимир Панчевски беа делегирани од судовите во Неготино, Тетово и други градови, се вратиле во матичните судови.

 

Станува збор за судијките Александра Поп-Стефанија и Елена Илиевска Јосифовиќ за кои СЈО поднесе барање за разрешување пред Советот за факти. Тие иницијативи на СЈО беа отфрлени од Советот за факти и не стигнаа на дневен ред до Судскиот совет.

 

Судијките кои ги донесе Панчевски да судат во Кривичниот суд, постапуваа по предмети на СЈО./А1он

Слични содржини