Тепачките во парламентот, срам за Македонија

од Vladimir Zorba

Упадот на толпа луге и тепањето на пратеници во собранието и нанесоа тежок срам на Македонија вели поранешниот претседател на собранието Стојан Андов.Според него изборот на Талат Џафери за нов спикер е легитимен и е извршен согласно деловникот на парламентот

„Опозицијата можела да седи, да збори или да си оди. Претседателот го бира мнозинството, другиот од каде и да е, веќе не е претседател и не може да води седница. Со седницата сега ќе претседава новиот избран претседател. Легитимно е тоа што тој ќе го закаже, се друго е диверзија“, вели Стојан Андов поранешен претседател на собранието.

Повикот на претседателот Иванов за лидерска средба, Андов го оценува како бескорисен потег. Иванов е дискредитиран, вели Андов. и единствено што може да направи е денеска го даде мандатот на мнозинството или да поднесе оставка. Професорката Беса Арифи вината за инцидентот кој заврши со над 100 повредени и големи штети во собраниската зграда, ја лоцира во Иванов и Груевски, бидејки со месеци ја подгревале атмосферата и го поларизирале општеството.

Можно решение за новата криза Александар даштевски гледа единствено во средба меѓу политичките лидери.Не може да се контролира толпа вели тој и затоа треба разговор на кој ќе присуствува и претсавник од организаторот на протестите

„Потребен е разум, смирување на страстите, без дијалог никаде не одиме, се ќе се комплицира. Работите ќе беа поумерени ако имаше црвена линија“, цели Александар Даштевски аналитичар

Аалитичарот Мерсел Биљали е дециден, насилството во собранието е пораз за ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе ја изолира партијата.

ВМРО-ДПМНЕ е мртва партија, без преврат внатре, таа со години ќе носи тешка хипотека а тоа ќе се рефлектира на цела држава и на недолжните граѓани“, вели Биљали.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини