“Tитаник”, одбраната на Темелко поднесе жалба на решението за притвор

од Vladimir Zorba

Испочитувани се сите законски процедури. Темелко се појавувал секоја среда пред властите во Македонија, односно во Судот во Преспа за да докаже дека не е во бегство. Што содржи нашата жалба, ќе зборуваме по одлуката на Апелација.“ – изјави Дончо Наков, адвокат на Едмонд Темелко

Главната специјална обвинителка Катица Јанева денеска одби да ја коментира жалбата на одбраната во овој случај.

СЈО го обвинува Темелко за манипулации при локалните избори во 2013 година. Освен Темелко во “Титаник” се обвинети и поранешниот премиер Никола Груевски и министрите во неговата влада, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришковска-Бошковска и Миле Јанакиески. Меѓу 20-те обвинети се и Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Освен поранешните шефови на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети се и функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. СЈО, побара притвор за нив, но судот го одби./извор АлсатМ

Слични содржини