Трамп повика на поцврсто контролирање на нуклеарниот договор со Иран

од desk2

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека Вашингтон ќе го напушти нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили, ако процени дека атомската агенција на ОН не го надгледува неговото спроведување доволно цврсто.

“Нема да прифатиме слабо спроведен или несоодветно следен договор”, рече Трамп во пораката до Меѓународната агенција за атомска енергија, која ја прочита американскиот секретар за енергија, Рик Пери.

САД и набљудувачите на ОН претходно утврдија дека Иран се придржува до договорот, со кој се намалија меѓународните економски санкции за Техеран, во замена за ограничувањата на нејзините нуклеарни активности.

Сепак, администрацијата на Трамп честопати обвинува дека Техеран не се придржува до “духот” на договорот, вклучително и со продолжување на балистичките проектили и ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави. Администрацијата на Трамп , исто така, лобираше за построги нуклеарни инспекции во Иран, вклучувајќи и пристап во воените локалитети./RSE

Слични содржини