Три лица од куќен привор испратени во затворот во Шутка

од desk2
72 прегледи

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1, синоќа ги прифатил жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење на кривични дела од областа на организираниот криминал и за тројца осомничени за насилствата во Собранието на 27 април годинава, за кои беше определен куќе притвор одлучил да го преиначи решението и да ги испрати во Истражниот затвор Скопје, потврдија за МИА од Кривичниот суд.

– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по жалби поднесени од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка ги преиначи на начин што е уважен предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор и против осомничените М.П., Г.Ѓ. и Е.Д.Б., определена е мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1, соопштуваат од Судот.

Кривичниот совет денеска ќе одлучува по жалбите и за другите обвинети за кои Обивинителството бара притвор, а не куќен притвор, како и за жалбите на дел од притворените во затворот во Шутка кои бараат до одат во домашен притвор.

Од судот информиратт и дека текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка спроведено е лицето З.С. опфатено со предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Р.М..

За него, на предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Меѓу осомничените кои обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија, се и шестмина пратеници за кои исто така е побаран притвор. За одземање на нивниот имунитет денеска треба да решава Собранието на пленарна седница.

Слични содржини