три нови оставки од антикорупционерите

од Vladimir Zorba

По притисокот од јавноста, покрај Горан Миленков и претседателот на Антикорупциската комисија, Игор Тантуровски, денеска својата оставка ја депонирала и Жаклина Дамчевска, а оставки во текот на денот ќе поднесат и членовите Сејди Халили и Фарие Алиу, потврдија од Антикорупциска за НОВА.

Оставките следуваат неполна недела по објавениот ревизорски извештај на УЈП за работата на антикорупционерите, во кој беа наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

Ревизорскиот извештај од УЈП за работењето на Антикорупциската комисија, констатирал дека антикорупционерите си исплаќале патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози.

Тие поднесувале три патни налози за ист ден, односно дека член на комисијата истиот ден бил во странство и на седница на комисија, стои во извештајот на ревизијата на Државната комисија за спречување на корупција.

Покрај овие нерегуларности во ревизорскиот извештај како ненаменско трошење на буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување на стан.

Слични содржини