Црна Гора и официјално стана членка на НАТО

од desk3

Република Црна Гора и официјално стана 29-та членка на НАТО. Церемонијата се одржа во зградата на американскиот Стејт департмент во Вашингтон во присуство на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесе ТАСС.

За време на церемонијата протоколот за пристапување на Црна Гора кон Северноатлантскиот пакт беше предаден од премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ на заменик-државниот секретар на САД Томас Шенон, пренесе МИА. Така малата балканска држава со население од 620 000 луѓе се приклучи кон Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Слични содржини