Црна Хроника- Згазен минувач, кражби и сообраќајки

од Vladimir Zorba

На 24.02.2018 година во Скопје, во 14.40 часот на бул.”Јане Сандански ” во близина на Трговскиот центар “Капитол“ патничко моторно  возило марка  “Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице удрило во пешакот Н.А. (66) од Скопје и веднаш го напуштило  место на несреќат. Н.A со возило на Итна медицинска помош е префлен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде што е констатирана смрт. Кратко по сообраќајната несреќа, од страна на припадници на едницата Алфа, пронајдено е возилот “пежо“ а идентификуван и пронајден е возачот, станува збор за А.Р (28) од Скопје. Тој е приведен во ПС Гази Баба. Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа на СВР Скопје. Од возачот е земен крв и урина за анализа а возилото е однесено на технички преглед. По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 24.02.2018 година во 15,30 часот на регионалниот пат Прилеп-Кичево, кај местото викано “Барбарас“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски таблички, управувано од А.С. (45) од Прилеп и товарно возило со прилепски регистарски таблички  управувано од Б.Р. (49) од с.Големо  Коњари, прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и повреди на главата) се  здобила сопатничката во патничкото возило „Пасат“, А.Е. (42) од Прилеп и по укажана лекарска помош во Медицински центар-Прилеп поради сериозноста на повредите  е пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во  Скопје, додека пак возачот на “пасатот“ А.С. во незгодата се здобил со скршеница на десна надколеница и е задржан на лекување во Медицинскиот центар Прилеп. Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачот на товарното возило Б.Р. како и неговите сопатниците, Б.Г. (35) и К.З. (46) двајцата од с. Г.Коњари-Прилеп. Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-М.Брод, а по наредба на ЈО возилата се однесени на технички преглед.

На 24.02.2018 година во 12,15 часот во Полициската станица Гостивар, Б.М. (47) од с.Чајле, гостиварско, пријавил дека на 20.02.2018 година во вечерните часови од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во неговата куќа. Сторителот влегол во куќата и без да изврши пребарување по собите, од фиока во спалната соба на приземјето одзел поголема количина разновиден златен накит (лири, алки, обетки, прстени и останат вреден накит), а потоа го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

Слични содржини