ДУИ не ја напушта владата, туку врши замена на своите министри – соопшти претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски,коалициски партнер на Али Ахмети. И генералниот секретар на партијата и досегашен министер за образование, Абдилаќим Адеми од ДУИ мисли исто како Груевски.

download (17)

„Не е точно дека во владата се останати само ние и СДСМ. Она што јас го имам разбрано ДУИ ја нема напуштено владата туку ќе изврши замена на своите кадри„ изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Од ДУИ не ја коментираат изјавата на Груевски и не откриваат дали ќе има ротации и нови именувања. Не упатија на партискиот став што го соопштија вчера, каде се посочува дека конечната одлука ќе ја донесе првиот човек на ДУИ Али Ахмети, бидејќи можноста за тоа ја добил од сопартијците

„Се има во вчерашното соопштение“, велат од ДУИ.

Чекајќи го Ахмети да го каже договореното!

Во исто време извори од паријата на Ахмети за 24 Вести објаснуваат дека во понеделник на дневен ред на првата собраниска седница ќе се најдат оставките на нивните фунционери. Се очекува собранискиот спикер Тајко Вељаноски веднаш, без одлагање да ги констатира, при што оставките на именуваните функционери од страна на собранието, според деловникот се усовојуваат без дискусија.

Дел од медиумите веќе шпекулираа дека една од смените ќе биде во вицепремерското место на Муса Џафери. Сепак, во отсуство на официјални информации, се чека разврска и одлуките од партиското седиште во Мала Речица

ДУИ не ја напушти Владата, само го освежува својот тим, изјавил генералниот секретар на партијата и досегашен министер за образование, Абдилаќим Адеми за ТВ 21.

-ДУИ не ја напушти Владата, само го освежува својот тим, вели Адеми.

За реакција на изјавата на Груевски, со која тој најавува дека ДУИ ќе понуди други кадри за функциите во Владата, Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети одговори кусо, во пишана форма:

-Нема никаква промена во ставот на ДУИ: Ексклузивно Ахмети одлучува за следните чекори на партијата и одлуката е само негова.

.

Слични содржини