Вељаноски не го признава Талат Џафери: Седница ќе закажел кога ќе биде поправена опремата

од Vladimir Zorba

Трајко Вељаноски се огласи по четврточните настани во Собранието и изрази жалење за истите. Во изјава за „Сител“, МВР е задолжено за обезбедувањето и најверојатно имало пропусти, па затоа имало такви инциденти.

„Тој ден пречуствував дека ќе се случат овие работи. Зоран Заев зема процедурална и искажа тешки зборови, но мислев дека ќе преовладува разум. Пратениците упатија многу молби, мислев дека СДСМ нема да го направат ова. Тие имаа смислено сценарио. До мене како претседавач имаа дадено 35 потписи за Собранието да работи и во петок, а јас тоа го одобрив. Нивните документи не беа согласно Деловникот.“, вели Трајко Вељаноски.

Прашан за тоа што понатаму и дали планира да се продолжи седницата на Влада, тој вели: „Можеме да збориме од два апсекти, правен легалистички и политички. Како може да кажат дека го избрале Талат Џафери за претседател во Собранието? Тие ги прекршија член 9 од Деловникот, член 36 од Уставот. Немаше јавност, собранискиот канал немаше пренос. По кој основ тие утврдија присуство и колку луѓе гласале? Немаше служба, срекретари, тие ги изолираа сите. По кој основ утврдија кој бил „за“, „против“? Деловникот вика дека избраниот претседател, свечената изјава ја дава пред претседавачот. Пред кого Талат Џафери ја даде изјавата?“

Вељановски, според неговите теории не го признава Талат Џафери за нов претседател, а со тоа тој ќе продолжи со преседавањето во Собранието.

„Не може со необјавена одлука во Службен весник, да има претседател на Собрание. За жал, морам да кажам, дека тие откако ја виделе оваа грешка, тие вршат притисок во Собрание. За жал после сите настани и искршената опрема, седницата во вторник се одлага. Кога ќе има услови, ќе закажам конститутивна седница, бидејќи истата не е завршена, а дододека не се заврши, не може да продолжиме понатаму“

Според Вељановски, на „шверцерски“ начин се избрал претседател во Собранието.

И покрај тврдењата на Трајко Вељаноски, Талат Џафери е признат за нов претседател на Собранието и како таков тој ќе ја закаже следната седница.

Слични содржини