Велика Британија усвои работната програма за Брекзит

од Vladimir Zorba

Велика Британија се согласи со работната програма на ЕУ за приоритетите на кои треба да се преговара во рамките на процесот Брегзит. Ова стана јасно првата официјална средба на двајцата главни преговарачи Мишел Барние и Дејвид Дејвис.

Заедничка цел ќе биде што е можно побрзо да се постигне договор за статусот на жителите од двете страни на Ла Манш, за финансиските обврски и зачувувањето на слободното движење преку границата со Ирска, пренесуваат агенциите.

Преговорите ќе се водат по 1 недела секој месец. Лидерите на 27-те земји од ЕУ ќе одлучат дали е постигнат доволен напредок за да се започне втората фаза на разговори за идниот трговски договор со Велика Британија по излегувањето од Унијата.

Слични содржини