(ВИДЕО) 360˚ Џафери: Собранието може да расправа за Диво Насеље но само за евентуалната политичка одговорност

од desk2

Во интервју за „360 Степени“, претседателот на Собранието, Талат Џафери, зборуваше за најавата од ДУИ за формирање анкетна комисија за случајот „Диво Насеље“ која дојде по судската пресуда.

– Фактот што Владата дава сигнали дека има подготвеност за организирање надзор или повторно меѓународно разгледување на прашањето е сигнал кој е важен да се случи во Македонија со цел да се расчистат сите дилеми и аспекти кои го засегаат случајот и ќе биде добро ако Владата оди до крај со ова прашање. Кога сме кај Собранието, надлежност на Собранието е ако одреден политички субјект има иницијатива за формирање анкетна комисија, јас како претседател сум должен да ја ставам во одредена постапка за донесување одлука.

Дали досега формално или неформално до вас стигнала таква иницијатива?

– Формално не.

А неформално дали некој ви кажал за идејата?

– Пратениците зборуваат меѓу себе и по овие прашања, не се прашање за кои не дискутираат. Ако сметаат кога ќе биде најповолниот политички момент за да се прави таква иницијатива, Собранието ја процесира постапката до крај и ако парламентарното мнозинство донесе одлука за формирање такво тело, несомнено дека ова тело ќе има надлежности само за разгледување на евентуалната политичка одговорност за некој кој е носител на политичка власт или функција, во ниту еден случај Собранието нема истражувачки или судски надлежности за да суди за ова прашање дали е или не мериторно. Несомнено во моментот кога ќе има иницијатива за такво нешто, Собранието е подготвено да расправа по тоа.

Слични содржини