(ВИДЕО) Активисти на Шарената револуција на пратеничките листи на СДСМ!?

од Vladimir Zorba

sharena_0

Пет активисти од Шарената револуција ќе се најдат на пратеничките листа на СДСМ, дознава Телма од високи партиски функционери.
Разговорите се во тек но се уште ништо не е официјализирано. Еден од споменуваните Павле Богоевски вели дека тие се отворени за соработка со опозицијата, но се уште ништо конкретно не е ставено на маса ниту пак има договор за имињата на кандидатите.
Од СДСМ посочуваат дека нивната цел е да се создаде широк опозициски фронт за уривање на актуелната власт.

Работите ќе станат појасни кон крајот на Септември кога ќе го одржат партискиот конгрес.
Тогаш ќе се соопштат и шесте кандидатски листи, нивните носители кој се ќе партиципира.
И ВМРО-ДПМНЕ подготвува промени на кандидатските листи Ќе има нови имиња.
,,Од Мај годинава кога беа поднесени кандидатски листи за изборите кои подоцна се одложија, поминаа неколку месеци. Во текот на овој период некои личности беа поактивни, некои помалку и сето тоа ќе се одрази на составот на листите,, ни изјави во телефонски разговор портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини