timthumb

Следејќи ги со внимание настаната ситуација, по објавување на изборната листа, божем на фиктивните гласачи, синоќа се собра Централното претседателство на БЕСА, дискутираше за ова состојба и констатира:

– Објавената листа, божем на фантомски и фиктивни гласачи, е флагрантно прекршување на Уставот на Република Македонија, но и на сите конвенции за правото на секој државјанин да избере и да биде избран;
– Од направените анализи во нашиот аналитички центар, резултираше дека мнозинството (речиси 90%) се граѓани Албанци на Македонија и ние во ова гледаме тенденција на ДИК и на партиите кои го усвоија Договорот од Пржино, Албанците да бидат претставени како антидемократски фактор и причина за политичката криза. Оваа листа, освен што е расистичка, има и десетици илјади примери со лични имиња дека е докрај тенденциозна;
– Нашата анализа зборува во полза на фактот дека мнозинството гласачи од таа листа не само што немаат чести премини на границата, туку има многу од нив кои со години наназад не ја поминале границата на државата. Најголемиот цинизам е што многу јавни личности и бивши членови на изборните комисии на изборите од 2014 год. сега нашле на таа листа;
– За нас е вознемирувачки фактот што од нашите анализи произлегува дека повеќето гласачи Албанци, кои се нашле на таа листа, јавно се изјаснувале опозициски, што неминовно покренува сомнение дека во тоа има свое влијание албанската партија на власт, која на таков начин сака да го спречи гласот против нејзе на следните избори, велат од БЕСА.

„Откако констатиравме дека оваа листа ја продлабочило и ја уништило целосно довербата кон изборниот процес и причинил штети кои тешко ќе се репарираат при овој процес, Централното претседателство на Движењето БЕСА одлучи:

– да покрене постапка пред Уставниот суд на Република Македонија да се изјасни за уставноста на одлуката на ДИК за бришење на 39.502 гласачи воедно државјани на Македонија;
– да достави претставка до Народниот правобранител со барање да реагира кон оваа дискриминација што се врши кон граѓаните на Р. Македонија, притоа негирајќи им го правото на гласање и задолжувајќи ги да се потврдат себеси дека не се фантомски или фиктивни;
– да се обрати со официјално барање до ДИК за да се објасни која била методологијата при која се избришале 39.502 гласачи и како се случило мнозинството од нив да се Албанци;
– да се упати писмо до претседателите на четирите партии учеснички во потпишување на Пржинскиот договор, и да се бара објаснување ако тие се договориле за прочистување на избирачкиот список. Исто така на нив ќе им биде посочено дека овој расистички начин на составување на избирачкиот список не само што не оди во прилог на демократизација на земјата и не само што не дава порака за приближување кон европските вредности, туку овој момент е доказ токму за спротивното – дека за нив не е значајна демократијата, правото и рамноправноста, дури ни интеграцијата, туку тие имаат само една цел – власта.
– да се прати писмо до амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија, Италија, Франција и Германија, како олеснувачи на постигнатиот договор, во кое ќе им се објасни дека тој договор и овој начин на прочистување на избирачкиот список, на место да произведе демократија и меѓусебна доверба, ќе произведе расизам и ксенофобија;
– да се упати писмо до ОСБЕ-ОДИХР, како и до Human Rights Whatch, Transparency International и до Хелсиншкиот комитет, за да се алармира фактот на дискриминација кој е создаден со овој избирачки список и да се покрене вознемирувањето за големата изборна манипулација што се настојува да се произведе од овие партии и од ДИК;
– активистите на БЕСА да го контактираат секој гласач од таа листа и да му достават флаер со упатства како да се вратат на избирачкиот список, но и да помагнат за реализација на оваа задача.

Убедени дека ова што се случува во Македонија ги пречекорило и границите на диктатурата и дека веќе не можеме да зборуваме за демократија, Движењето БЕСА изјавува дека ако покрај целиот ваков ангажман, тие гласачи не се вратат во избирачкиот список и на нив не им се признае правото на глас, ова не само што ќе биде лоша вест за демократијата во Македонија, туку ќе биде знак дека и иднината на оваа земја повторно ќе биде ставена во прашање.
Ние сме подготвени да ги користиме сите средства за да го заштитиме гласот на секој граѓанин на Македонија и со ова не правиме никаков компромис. Ако некој мисли дека може да брише гласачи како ќе му текне, нека знае дека ќе се соочи со дискриминираниот Албанец, па затоа нека му ја мисли добро какви избори може да организира ако 30 илјади граѓани излегуваат „да гласаат“ низ улиците на државата“, велат од БЕСА./извор а1он

Слични содржини