(ВИДЕО) Како се одвиваше случајот „Пуч“

од Vladimir Zorba
Зоран Заев ми призна соработка со странска разузнавачка служба и ми се закани дека ќе почне да објавува прислушувани разговори од политичкиот врв доколку не прифатам формирање техничка влада, информира 24Вести.
Ова го истакна тогашниот премиер Никола Груевски и најави дека е поднесена кривична пријава против 5 лица, меѓу кои и Заев, за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња и Бранко Палифров, службеник во Општина Струмица, веќе беа во притвор, а истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција се прошири на уште двајца вработени во МВР, Ѓорги Лазаревски и на Ѕвонко Костовски кој постигна спогодба со Обвинителството и го призна делото за кое доби 3-годишна казна затвор.
За да се поткрепи тезата за уцени од Заев, во јавноста протече снимка од Кабинетот на Груевски на која наводно се слуша како Заев потврдува дека станува збор за странски служби.
Во меѓувреме Заев почна да ја објавува „Вистината за Македонија“, т.н. бомби за кои тврдеше дека произлегуваат од власта која со години вршела незаконско прислушување на над 20.000 лица од различни профили.
Според Груевски пак, снимањето го вршеле професионалци од висок калибар, кои биле високо обучени за такви дејствија.
„Снимано било со тактичка опрема, откако Зоран Заев упати закани кон мене, МВР ангажираше странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори. Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу 2 километри, но главно се одвивала низ Центар околу државните институции“
Обвинението за „Пуч“ беше поднесено на 30 април 2015 година. Предметот ѝ припадна на судијката Љубинка Башевска, а обвинетите седнаа на обвинителна клупа на 5 август, но Заев не се појави во Судот.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини