(ВИДЕО) Панчевски за уривањето ќе бара 50.000 евра отштета од Центар

од Vladimir Zorba
106 прегледи

zgrada_pancevski

Семејството на претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, размислува повторно да си изгради два ката на зградата кои претходно си ги сруши оти Општина центар ги прогласи за дивоградба, информира Телма.

Ова доаѓа откако второстепената комисија го поништила решението на Центар за дивоградба и за нејзино уривање. Иако комисијата го вратила на повторно разгледување целиот случај со зградата во центар на Скопје, за Панчевски оваа одлука е конечна. Со ова, велат, семејството Панчевски докажало дека е оштетено и на суд ќе бара 50 илјади евра.

Од Центар пак поинаку го толкуваат решението на второстепена. Велат дека се работи за ситни технички пропусти ама одлуката е законска. При повторното разгледување ќе го донесат истото решение.

Целиот текс можете да го прочитате тука

Слични содржини