(ВИДЕО) Шпанската полиција брутално ги исфрла гласачите од изборните места, има повредени

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Полицијата ги уапси демонстрантите во Барселона. Според периодиката, полицијата користела гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. “Европа прес” јави дека старица била повредена кога полицијата упаднала во избирачко место во Херон, каде што требаше да гласа каталонскиот премиер Карлес Пучдемон. Информациите не покажуваат јасно дали повредите се предизвикани од спроведувачите на законот. Најмалку 38 лица беа повредени во полициската акција во Каталонија, соопшти Министерството за здравство на регионот за Твитер. Од информациите дека поголемиот дел од повредените добиле помали повреди.

Претходно “Европа прес” јави дека старица била повредена кога полицијата упаднала во избирачко место во Херон, каде што требаше да гласа каталонскиот премиер Карлес Пучдемон.

Шпанските медиуми објавија дека полицијата уапсила демонстранти во Барселона и користела гумени куршуми за да ги растера. Властите во Каталонија побараа итна оставка на претставникот на шпанската влада во регионот Енрике Милјо, обвинувајќи го за репресија.

На прес-конференцијата во Барселона портпаролот на локалната влада Жорди Турул рече: “Можеме само да побараме неговата оставка, бидејќи тој е директно одговорен за државната репресија против Каталонија”.

Полицајци конфискуваат материјали поврзани со референдумот, во целата област. Исто така постојат и затворени избирачки места. Министерството за внатрешни работи на Шпанија предупреди дека силите на редот ќе го зголемат своето присуство во сепаратистичкиот регион.

Покрај официјалните соопштенија, на социјалните мрежи се појавуваат видеа и фотографии на кои е воочлива сериозна полициска бруталност применета врз гласачите.

Право на глас во регионот со близу 7,5 милиони население имаат повеќе од 5,3 милиони луѓе.Со цел да се одржи ова гласање, автономниот парламент одобри два закона на почетокот од септември. Првиот создава правна основа за плебисцит, а вториот владее со заминувањето на Каталонија од Шпанија.

Централната власт се повикува на уставот и вели дека некои од шпанската популација, Каталонците, не можат да ја одредат иднината на целата земја. Основниот закон на државата забележува дека референдумот го назначува кралот по предлог на претседателот на националното собрание, однапред одобрен од Конгресот на пратениците. Посебна автономна заедница не може да има валиден плебисцит без договор со Мадрид.

Слични содржини