(ВИДЕО) Скандал во Брисел: Заменик шефот на ЕК го одобри полициското насилство во Каталонија

од Vladimir Zorba

Европската комисија повика на дијалог меѓу шпанската влада во Мадрид и Каталонија, иако има општ консензус дека североисточниот регион го игнорирал шпанскиот закон за организирање на референдум.

Ова е објавено од страна на светските медиуми. Време е за преговори, рече заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс за време на дебата во Европскиот парламент, поврзана со кризата околу Каталонија.

Тимерманс, истакна дека пропорционална употреба на сила од шпанската влада во Каталонија беше неопходна, за да се запази владеењето на правото.

Претставникот на Европската комисија цврсто стоеше зад владата во Мадрид. Дебатата во ЕП беше организирана откако парламентарните лидери постигнаа согласност околу темата и дебатата да биде за владеењето на правото и фундаменталните слободи во Шпанија во задината на настаните во Каталонија.

Барањето го поднесе Европската народна партија, која ја вклучува и Народна партија на шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Ние ги обликуваме нашите демократски општества врз основа на три принципи: демократија, почитување на владеењето на правото и човековите права … Трите принципи треба да се еден со друг, тие не можат да бидат исклучени. Ако го отстраниме едниот столб, останатите ќе паднат, рече Тимерманс на почетокот на дебатата.

Регионалната влада на Каталонија избра да го игнорира законот со организирање на референдум минатата недела, продолжи тој.

Според светските медиуми најмногу поразувачки беше тоа што Тимерманс ја заштити шпанската полиција од употребата на сила, при што настрадаа повеќе од 900 луѓе, вклучувајќи жени и постари луѓе.

Никој од нас не сака да гледа насилство во општествата. Обврска е сепак за секоја влада да поддржува почитувањето на законот … тоа понекогаш бара пропорционално употреба на сила, смета претставникот на Европската комисија.

Според него, каталонските власти сакаат поголемо почитување на нивните права од другите области во Шпанија. Слободата на изразување е основно право за сите европски граѓани и за сите шпански граѓани. Но едно мислење не е повредно од друго мислење само затоа што е изразено повеќе гласно, истакна Тимерманс.

Заменик-претседателот на партијата на Европските конзервативци и реформисти Ришард Легутко побрза да го обвини Тимерманс и ЕК за дволичност.

Европската комисија во неколку наврати прибегнува кон морализирање на јазикот, ние само што го слушнавме сега, рече тој.

Кога ќе погледнеме на активностите на ЕК за справување со оваа конкретна ситуација во Каталонија, изгледа повеќе како унија на одбрани вредности.

Двојните стандарди во ЕК се нешто во кое се, се вклопува. Сите се еднакви, но некои се еднакви од другите , продолжи во нападите Легутко.

Да бидеме искрени. Ако беше друга земја-членка, а не Шпанија, последиците и реториката од ЕК би биле далеку построги , е убеден полскиот политичар.

Медиумите наведуваат дека еднострано прогласување независност на Каталонија ќе ја втурне шпанската држава кон невидена уставна криза и ќе испрати негативни сигнали во Европа.

До моментов нема држави кои да покажаа подготвеност да поддржат независна каталонска држава.

Шпанската влада, исто така, мора да одлучи што следните чекори ќе бидат. Мадрид може да интервенира и да го поништи автономниот статус на Каталонија, што би било чекор без преседан во 40-годишната шпанската демократија.

Претходно денес, беше објавено дека Каталонија може да прогласи независност во понеделникот. Денес лидерите на каталонски парламент одржаа прва средба од референдумот во неделата.

Слични содржини