ВМРО-ДПМЕ го крши договорот од 2 јуни / 15 јули. Тимот на специјалниот јавен обвинител не е избран до крај со што се крши и законот за специјално јавно обвинителство.

spasovski

Очигледно се потврдува дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да се соочат со сопствената одговорност за се она што го направија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатите 9,5 години.

Не е усогласен законот за Влада со што уште еднаш Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат страв од избор на независен министер за внатрешни работи, како и избор на министер за труд и социјала и заменици министри, бидејќи на тој начин сметаат дека може да ги сокријат сите злодела коишто се направени во овие ресори.

Единствено одговорни ако Македонија ја загуби препораката за членство во ЕУ ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Договорот е дециден, многу јасен и тој треба да се испочитува до крај и од тоа не треба да се прави никаква фама, бидејќи ниту помалку, ниту повеќе, доволно е се опфатено во договорот од Пржино.

 

Слични содржини