Владата ја усвои одлуката за разрешување на Зврлевски

од desk3

Владата на денешната седница  ја усвои одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Одлуката на Владата, наредните денови треба да биде испратена во Собранието каде пратениците ќе треба да ја изгласаат иницијативата.

Именувањето на новиот јавен обвинител  е пропишана со членот 41 од Законот за јавно обвинителство.

Владата дава предлог до Собранието;

Собранието распишува оглас за кандидати за јавен обвинител во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника од кои еден мора да биде на албански јазик;

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од денот кога огласот ќе биде објавен во „Службен весник“.За именувањето на новиот државен јавен обвинител,

Владата мора да поднесе барање за мислење до Советот на јавни обвинители, кое овој пат има обврзувачка улога, за разлика од постапката за разрешување, кога мислењето на Советот е повеќе од процедурална природа.

Советот има рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од Владата да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.

По ова Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител со кандидатите за кои Советот дал позитивно мислење.

Слични содржини