ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ врши притисок врз медиумите

од desk2

Владата на СДСМ почна да се пресметува со медиумите кои лидерот на партијата и новпизбран премиер Зоран Заев ги прогласи за најголеми непријатели, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„ Медиумите кои искажале некаква критика кон Заев, СДСМ и нивните експоненти во минатото сега се приморани јавно да им се извинуваат. Ова е јасен почеток на еден недемократски режим и диктатура врз сите неистомисленици на Заев и СДСМ“, стои во партиското соопштение.

Сметаат дека ова не е слобода на медиумите, туку тиранија врз нив.
„ Заев ветуваше дека ќе поттикнува критички медиуми, но на првиот ден од неговиот избор докажа дека едно зборува, а друго прави. Очигледно е дека Заев решил овие медиуми да ги понижи и да ги фрли на колена. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува медиумите да не потклекнуваат на притисоците и да продолжат професионално и чесно да си ја вршат својата работа.“, се вели во соопштението.

Слични содржини