Во Кос не запира ужасот ! Земјотресите продолжуваат да го тресат островот

од Vladimir Zorba

Стотици  потреси,  а жителите ја  поминаа и оваа ноќ на отворено

Потреси продолжуваат да го тресат  грчкиот остров Кос, предизвикувајќи страв меѓу жителите и туристите. Специјалисти почнаа да ја  оценуваат штетата на  културните споменици и инфраструктурата на островот по силниот земјотрес во реонот на Егејското Море, при што загинаа две лица, а речиси 500 беа повредени.

Земјотрес со интензитет од 4,4 беше регистриран синоќа во 20,09 часот., Поради што жителите и гостите  на ресторани мораа да побегнат кон средината на главниот плоштад на градот Кос, што е  можно подалеку од секакви згради.

Шеснаесет минути подоцна следуваше втор потрес со интензитет од 4,6, соопшти Атинскиот институт за геодинамика. Епицентарот на првиот потрес беше на 20 километри североисточно од Кос на длабочина од 10 километри.

Стотици жители и туристи на островот  ја минаа претходната ноќ на отворено, плашејќи се да се вратат во своите домови или хотелите по земјотресот во петокот наутро.

Секундарните земјотреси вечерва значат дека многумина веројатно ќе  ја поминат  и следната  ноќ на отворено. Археолозите и експерти од грчкото Министерство за култура  ги проверуваат вчера црквите, џамијата, замок од 14 век и други стари згради, настрадани во земјотресот.  

Слични содржини