Во прекин патот Тетово – ГП Јажинце, се излеа Поројска река

од Vladimir Zorba

Поради обилните врнежи од дожд по 17:00 часот попладнево кај селото Порој се излеа Поројска река, а наносите од кал, камења и вода предизвикаа целосен прекин на сообраќајот во двете насоки по регионалниот пат Тетово – Граничен премин Јажинце.

Поради оваа блокада сообраќајот од страна на полициски екипи се пренасочува преку Лешок, Сиричино и клучката за Желино, велат од полицијата.

Раководителот на тетовската секција на Дирекцијата за заштита и спасување Ариф Арифи посочи дека нивните екипи се на терен кај Порој и оти засега нема опасност по куќите, жителите и добитокот во близина на Поројска река, но оти поради наносите од кал по патот сообраќајот е прекинат.

– Додека траат врнежите од дожд состојбата не дозволува да се интервенира со механизација за отстранување на наносите од кал на мостот на Поројска река, но екипите ја следат состојбата и доколку временските услови дозволат механизацијата ќе биде ангажирана за отстранување на наносите, изјави Арифи.

Слични содржини