Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Претпладне по одделни котлини со намалена видливост.

hitportal-ladno-vreme

Температурата ќе се движи од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и температура до 11 степени.

До вторник ќе продолжи периодот на стабилно, тивко и релативно топло време. Од среда наутро ќе почне да дува претежно североисточен ветер кој ќе ги спушти температурите и ќе донесе зголемување на облачноста и услови за појава понекаде на слаб краткотраен дожд, а кон исток и слаб краткотраен снег. Во следниве два дена, наутро понекаде во долините ќе има услови за појава на слаба магла. Во вторник наутро не се очекува магла.

Слични содржини