За разлика од милионерот Панчевски, Џолев нема имот, туку само долгови

од desk4

За разлика од неговиот претходник судијата Владимир Панчевски, кој располага со огромен недвижен имот, девет стана и една куќа, градежни земјишта и над 3 милиони денари во банкарски сефови, новиот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, е без имот и со долг за кредит, информира Фокус.

Поточно, според анкетниот лист на судијата Џолев, доставен до Државната комисија за спречување на корупција, новиот претседател поседува само еден автомобил „мицубиши лансер“, купен во 2009 година, а за кој навел дека го добил како подарок.

Новиот претседател на свое име нема пријавено ниту стан или куќа. Посочил дека има заем од 13.800 евра и кредит од 3.000 евра. На својата и платежната картичка на сопругата, пак, пријавил мала сума на пари, од 21.000 и 15.000 денари.

Сега, откако стапи на функцијата претседател на Основниот суд Скопје 1, Џолев, ќе мора да поднесе нов анкентен лист за својата имотна состојба.

Слични содржини