За Трамп нуклеарниот договор со Иран е доведен во прашање

од desk2

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот со Иран за нуклеарната програма на земјата е под знак прашалник откако Техеран вчера лансираше балистичка ракета.

„Иран само што тестираше балистичка ракета со дострел од Израел. Тие исто така работат со Северна Кореја. Немаме баш некаков договор“, напиша Трамп на Твитер.

Иранските власти соопштија дека успешно тестирале нова балистичка ракета и покрај предупредувањата од Вашингтон дека земјата е подготвена да го напушти нуклеарниот договор доколку Техеран продолжи со такво однесување. Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека земјата ќе ја продолжи својата нуклеарна програма и зајакнувањето на воените капацитети и покрај барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, Техеран да престане со развојот на опасни ракети.

Слични содржини