Заев: Македонија е созреана за нов начин на водење политика- подавам рака на секој што ќе се вгради во општеството

од Vladimir Zorba
 Подавам рака кон секого,рече Заев на Македонија и требаат граѓани кои размислуваат и дејствуваат, интелектуалци што ќе се вградат во општеството

– Цел ни е просечен раст поголем од 5 % за време на мандатот, минималната плата законски ќе ја зголемиме на 12 000 денари за сите од текстилот, кожарството. Доста е од реваншизми, партиски отпуштања, никој да не се плаши за работното место, рече Заев.

Најсериозната реформа ќе биде реформата во судството.Ќе се создадат услови за независен и ефикасен правосуден систем,рече Заев и затоа е потребен реизбор на судиите далеку од рацете на политичарите.

– Ќе се отвори специјален оддел во Основниот суд Скопје 1 , се што е во наша моќ за да се заокружиат случаите на СЈО, нови механизми за контрола на следење на комуникациите, рече Заев.

Заев во експозето вети и нов закон за спорт, 600 милиони евра за инфраструктурни проекти, и 160 милиони евра земјоделски субвенции.Не чекаат големи предизвици и сериозни реформи, бидејки општеството е урнато рече тој ветувајки дека ќе обединува а не дели, перспективи а не изолација.

Граѓанското општество според кажаното во експозето треба да се третира како партнер бидејки насушно потребна е општествена зрелост.

Подавам рака кон секого,рече Заев на Македонија и требаат граѓани кои размислуваат и дејствуваат, интелектуалци што ќе се вградат во општеството.

 

 

Слични содржини