(ВИДЕО) Заев очекува избори во декември

од Vladimir Zorba

zaev

Заев очекува избори во декември. Лидерот на опозицијата не верува дека неизвесниот избор на петтиот член во ад хок телото за медиуми ќе го парализира договорот за предвремени парламентарни избори на 11-ти декември, информира Телма.

Повеќе сум оптимист во трагањето по мудроста како да се изнајде доволно аргументација да се избере петтиот член. Ад хок телото, ги знаеме деталите и очекувањата од него, но не е крај на светот и не треба да дозволиме навистина поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите, согласно кои ќе биде фиксиран датумот за избори.

Сепак, Заев потенцираше дека ад хок телото за медиуми и прочистувањето на избирачкиот список се минимум услови за одржување фер избори. Повтори дека за СДСМ најприфатлив модел за реформа на медиумскиот сектор бил законот кој го предложила меѓународната заедница преку посредникот Ван Хауте. Го прифативме моделот со ад хок телото за конечно да се стави крај на политичката криза, рече Заев. Според него, партиите не треба да се мешаат во изборот на петтиот член.

Аман од политичките партии, преку глава им е на граѓаните. Има мериторни критериуми, има вредности кои и овие четири луѓе предложени како експерти може да седнат, малку да ја дрмнат главата и полека да ги стабилизираат мислите, да се насочат и да го изберат петтиот член. Како еден од претседателите на поголемите партии апелирам до четирите члена уште на почетокот на идната седмица да го изберат петтиот член, ако не заради нешто други, заради Македонија.

Битката за комплетирање на ад хок телото, кое во предизборието ќе ја контролира работата на медиумите, се води помеѓу Сефер Тахири и Даут Даути. Првиот е поддржан од двајцата членови во телото кои ги предложи СДСМ, а вториот од избраниците на ВМРО ДПМНЕ./извор Телма

Слични содржини