Заев потврди: Димитров и Коѕиас утре нема да разговараат за името, ќе ја јакнат довербата

од Vladimir Zorba

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на утрешната средба нема да разговараат за името, туку за тоа како да се унапредат мерките на доверба меѓу двете земји, изјави денеска премеирот Зоран Заев. Заев истакна дека Скопје и Атина испраќаат порака на една нова иднина во соработката помеѓу Македонија и Грција, а тоа е иднина којашто ќе гарантира заедничка европска иднина, наместо да заглавиме во историјата како што беше пример до сега.

 – Првите разговори со премиерот Ципрас, првите мои разговори и со министерот Коцијас, но и на нашиот министер за надворешни работи со Коцијас наговестуваат пријателски однос се со конечна цел да побараме поддршка пред се од граѓаните на Грција преточена преку владејачките партии, преку опозиционите партии, преку Владата на Р.Грција, преку Парламентот на Р.Грција да помогнат на Р.Македонија во исчекорот на своите интеграции, а тоа е да ги ослободат процесите заради тоа што навистина процесот на преговорите има можност да тече. Сакаме да изнајдеме решение на овој горчлив проблем, пред се за нас, граѓаните на Р.Македонија и за нашата земја, но секако и да ги ослободиме интеграциите на државата, мислејќи на НАТО интеграцијата и отпочнувајќи преговори со Европската Унија, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по дадениот исказ во СЈО за случајот „Таргет“.

Заев очекува тенденција на позачестени состаноци меѓу високите претставници на Република Македонија и на Република Грција, вклучително и на премиерите на двете земји.

– Го очекуваме господинот Нимиц да ја посети и Македонија и Грција, се со конечна цел да ги убрзаме ваквите процеси, при тоа секако, нашиот став е јасен. Ставовите поврзани околу уставното име на Република Македонија ќе ги градиме во конзензус со опозицијата, а ќе бидат конечни на реферндум на кој ќе се изјаснат граѓаните, изјави Заев.

Слични содржини