Заврши распитот на Чавков, шест часа до одлуката дали ќе биде притворен

од desk4
100 прегледи

Заврши распитот на Митко Чавков во Основниот суд Скопје 1. Судот сега треба најдоцна за 6 часа да донесе одлука дали ќе го прифати барањето за притвор од обвинителството за организиран криминал.

Распитот за останатите приведени се уште трае, информира Телма.

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, беше приведен утрово и изведен пред судија на претходна постапка во Kривичниот суд за крвавите настани во Собранието од 27 април.Обвинителството го сомничи за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

36-мина се осомничени за крвавиот четврток, кога после изборот на Талат Џафери, за претседател на Собранието, вратите од Собранието ги отворија пратениците Сашо Василевски и Крсто Мукоски, во парламентот упаднаа учесниците на протестите „За заедничка Македонија“, како и стотици вработени во државната администрација.

Слични вести:

Слични содржини