Економските односи меѓу Турција и Ирачки Курдистан не треба да „страдаат“ поради референдумот за независност, изјави денеска турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи. Тој во интервју за „Хуриет дејли њуз“ посочи дека Турција учи од Русија, која за време на кризата во 2015 година воведе трговски ограничувања за Анкара.

– Тоа беше многу неправилен чекор. Ми се чини, дека ќе биде правилно, ако не дозволиме таква грешка во ситуацијата со Ирачки Курдистан, истакна Зејбекчи. Тој додаде дека на седницата на турската Влада одржана на 22 септември не била донесена одлука за воведување на санкции кон Ербил.

– Економските санкции се опасни за Турција, која тежнее да стане финансиски и трговски центар во регионот. Кога нашите национални интереси ќе не натераат да постапиме инаку, Министерството ќе преземе соодветни чекори. Сега пред нас е задачата да продолжиме со трговските односи на досегашно ниво, наведе турскиот министер за економија, потенцира Зејбекчи. Тој додаде дека трговската размена меѓу Турција и Ирак е приближно осум милијарди долари, од кои 2,5 милијарди долари со Северен Ирак. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ги обвини лидерите на Ирачки Курдистан за предавство поради референдумот за независност и ги предупреди ирачките Курди дека „ќе умрат од глад“ кога Турција ќе им забрани на нивните камиони да ја преминуваат границата.

– До последен момент не веруваме дека (Масуд) Барзани ќе направи таква грешка како што е одржување на референдумот, очигледно згрешивме. Ова одлука за референдумот, која е донесена без никакви консултации, е предавство, посочи Ердоган. Во исто време Ердоган се закани дека и ќе ја прекине дистрибуцијата на гас што се одвива преку гасоводот од Северен Ирак./МИА

Слични содржини