Умо*, млада жена од Супсахарска Африка, бега од прогон поради кој незиниот зет е мртов, а нејзината сестра исчезната. Плашејќи се за животот, таа започнала опасно и тешко патување кон Европа, каде што се надева дека ќе најде азил и безбедност. За време на патувањето до Грција, Умо била принудена двапати да се вклучи во трансакциски секс за да си обезбеди качување на брод и лажен пасош. По пристигнувањето на грчки остров, спиела на отворено без покрив над глава, приватност или пристап до помош. „Се плашам дека ќе полудам“, признава таа.

сексуано насилт

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Комисијата за жени-бегалци (ВРЦ) се загрижени за тешките ризици на жените и девојките-бегалци и мигранти во движење низ Европа, како што се Умо и другите.

Тешките зимски услови значат дека помалку луѓето ќе ризикуваат да патуваат по море за да стигнат до Европа овој месец отколку претходните месеци. Сепак, секој ден, сè уште пристигнуваат просечно по 2.000 луѓе. И бидејќи владите спроведуваат ограничувања и ги зајакнуваат граничните контроли, приемно-транзитните објекти може да се преполнат, и напнатоста во нив да порасне, зголемувајќи го ризикот за жените и девојките. Исто така, бегалците и мигрантите, од очај, може да се решат на поопасни патишта во рацет на шверцери.

Заклучно со 15 јануари 2016 година, нешто повеќе од 55% од оние кои пристигнуваат се жени и деца, во споредба со само 27% од јуни 2015 година. Со хуманитарниот одговор долж рутите во источниот Медитеран и низ Западен Балкан, приоритет се става врз внесување на сексуалното и родовото насилство и негова превенција во сите хуманитарни активности. Меѓутоа, капацитетот за превенција, идентификација и соодветен одговор во голема мера зависи од одделните држави и од агенциите на Европската унија за преземање одговорност и соодветни мерки.

ограда

УНХЦР, УНФПА и ВРЦ спроведоа заедничка теренска проценка на ризиците за жените и девојките-бегалци и мигранти во Грција и во поранешната југословенска Република Македонија, во ноември 2015 година. Како што се наведува во подоцнежниот извештај од терен: „Жените без машка придружба кои патуваат сами или со деца, бремените жени и доилките, адолесцентните девојки, децата без придружба, децата кои рано стапиле во брак – понекогаш и самите со новороденчиња – лицата со попреченост, како и постарите мажи и жени се меѓу оние кои се особено изложени на ризик и за нив е потребен координиран и ефективен одговор на заштита. „Овој заеднички потфат е прв меѓу неколкуте теренски мисии и активности за профилирање, кои агенциите за помош и застапување ги спроведуваат со цел точно да се проценат проблемите на терен и да се препорачаат клучни акции за нивно решавање.

Многу жени и девојки-бегалци и мигранти веќе биле изложени на разни форми на сексуално и родово насилство во земјата на потекло, при првиот азил или долж патувањето до, и во Европа. Некои од жените интервјуирани во мисијата велат дека биле принудени да се вклучат во трансакциски секс за да „платат за“ патните документи или за патувањето. Некои жени и девојки толку многу не сакаат да го одложат своето и патувањето на семејството што одбиваат да пријават злосторства на сексуално и родово насилство или да побараат лекарска помош.

„Здравјето и правата на жртвите на војна и прогон, особено на жените и адолесцентните девојки, не треба при хуманитарниот одговор да се третираат отпосле. УНФПА работи со партнерите на обезбедување жените-бегалци и мигранти да имаат пристап до услуги на сексуално и репродуктивно здравје, и на превенирање и одговор на родовото насилство,“  вели д-р Бабатунде Осотимехин, извршен директор на УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации.

 

„Многу жени и девојки кои патуваат сами се целосно изложени, лишени од заштитата на семејството или заедницата“, вели Винсент Кошетел, директор на Бирото на УНХЦР за Европа. „Па дури и оние кои патуваат со семејството често се ранливи на злоставување. Честопати, тие не ги пријавуваат злосторствата и затоа не ја добиваат потребната поддршка. Некои жени рекоа дека дури и се омажиле од очај.“

26738golema (1)

„Поради тоа што приемните објекти во Европа не се подигнати за да се спречи или да се одговори на сексуалното и родовото насилство, жените и девојките не ја добиваат заштитата што им е потребна и што ја заслужуваат од овој хуманитарен одговор“, вели Сара Коста, извршен директор на Комисијата за жени-бегалци. „Треба да се заложиме за интервенции кои знаеме дека ќе помогнат, вклучувајќи и распоредување на експерти за сексуално и родово насилство долж рутата.“

Во заедничката мисија беше откриено дека сегашниот одговор од страна на владите, хуманитарните актери, институциите и агенциите на ЕУ, како и од граѓанските организации, е несоодветен и не успева да ги спречи и да одговори на опасноста, експлоатацијата и повеќето форми на сексуално и родово насилство со кои се соочуваат жените и девојките низ цела Европа. На пример, и покрај обидите на УНХЦР и партнерите да обезбедат добро осветлени и родово поделени приемни објекти и засолништа, многу од нив немаат приватни простори со безбедна вода, канализација и здравствени погодности, како и површини за спиење на жените и децата, изложувајќи ги на потенцијални или натамошни ризици од сексуално и родово насилство. Во заедничката проценка беше забележана потребата граѓанските организации и хуманитарните партнери да ги интегрираат превенцијата и одговорот на сексуалното и родовото насилство во сите сектори, како што се здравствено-санитарните погодности, засолништата, здравјето и сл., како и да обезбедат правна помош и психо-социјална поддршка.

Во извештајот се истакнуваат и одредени препораки за владите и агенциите на ЕУ:

  • Воспоставување на систем за координиран одговор во и надвор од границите со кој се штитат жените и девојките;
  • Препознавање на ризиците во заштитата и внесување персонал и процедури заради конкретно спречување, откривање и одговор на сексуалното и родовото насилство;
  • Обезбедување одговор на сексуалното и родовото насилство со кој се прифаќа дека жените нема да застанат за да го пријават насилството или за да пристапат до услуги; и
  • Обезбедување законски патишта до заштита, особено за жените, децата и жртвите на сексуално и родово насилство, вклучувајќи и ефективно семејно обединување и давање приоритет на овие бегалци со специфични потреби при можностите за релокација и преселување.

*Заради ​​заштита на идентитетот, името на „Умо“ беше променето.

УНФПА, УНХЦР,ВРЦ

Слични содржини