Зошто му е на Путин сето ова?

од Vladimir Zorba

Пред една година Русија ги започна воздушните напади во Сирија. Насочени се против сите кои владите во Москва и Дамаск ги сметаат за терористи.

114134792_s_342273c

Според податоците на Сирискиот центар за набљудување на човековите права само руските бомбардирања одзеле животот на 9.500 лица, од кои 3800 се цивили и 900 деца.

Центарот е поврзан со секуларната опозиција, а неговите информации, се засновани на информациска мрежа во самата Сирија и се сметаат за автентични.
Алепо е во урнатини, а руската интервенција во војната беше остро критикувана од западните земји – вклучувајќи од Германија.

Пратеникот на партијата на “Зелените” Омид Нурипур оцени во интервју за Дојчландфунк дека руските дејства се “воено злосторство”: “Кој фрла противобункерски бомби врз станбени згради, врши воени злосторства”, истакна тој.
Нурипур ги обвини владите во Дамаск и Москва за тоа дека со бескруполозна суровост бомбардира делови од Алепо.

“Воздушниот простор над градот е целосно под контрола на сириските и руските воени сили. А тие фрлаат бомби врз станбени квартови со брутална суровост, каква што не сме виделе во последните пет и пол години, и покрај тоа што во нив видовме какви ли не ужасни работи”, вели пратеникот. Колебливостта на Вашингтон И по неуспешното последно примирје, Русија продолжи со ударите против бунтовниците.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги заштити овие активности во интервју за ББС, велејќи дека Москва била принудена.
Спротивно на ветувањата, САД не правеле разлика меѓу умерени и крајни бунтовници. Освен тоа прекинот на огнот се искористи само за екстремистите.

Фронтот “Ал Нусра” користел секое од наметнатите примирја, за да се донесе во Сирија уште повеќе борци, уште повеќе муниција и уште повеќе оружје “, аргументира Лавров.
Според рускиот министер за надворешни работи курсот на САД е нејасен и колеблив.

Вашингтон изгубил контрола врз ситуацијата. Аргументот е политички разбирлив, коментира БиБиСи: “САД не нудат друга алтернатива, освен онаа на министерот за надворешни работи Џон Кери за соработка со Русија. Тие немаат сигурен план Б. “Отворено останува прашањето каде ќе доведе конечно рускиот курс.

“Трошоците за војната се огромни и цената го плаќа руското население”, тврди експертот за безбедност и проблемите на Блискиот Исток Филип Гордон од Советот за надворешни односи во Вашингтон. По 5 година војна и смртта на над 100.000 владини војници Асад нема да може да ја врати контролата над целата сириска територија, дури и да успее да го заземе повторно Алепо.

“По сето ова смртоносно насилство Сирија сепак останува главно сунитска страна и многу сунити ќе продолжат да се борат против алевитскиот режим на Асад поддржан и вооружуван од Саудиска Арабија, Турција и Катар”. За Русија може да стане опасно, предупредува уште Гордон и пишува: “Со воздушните напади Путин масовно убива цивили во Сирија и така тој всушност може да предизвика гнев кај муслиманите и да ги турне кон терористички напади и против Русија”.

Слични содржини