🎥Макрон му се јави на Трамп: Погоди што? Чекам на улица бидејќи сè е затворено поради тебе

Макрон, кој е во Њујорк за 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН, се движел кон француската амбасада кога неговото возило било запрено поради безбедносните мерки за колоната на Трамп, објави „Ла Депеш“.

од Vladimir Zorba
53 прегледи Фото: Принтскрин/Х

Францускиот претседател Емануел Макрон накратко беше заглавен во сообраќајот во Њујорк откако полицијата ги затвори улиците за да ѝ дозволи на колоната на американскиот претседател Доналд Трамп да помине.

Макрон, кој е во Њујорк за 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН, се движел кон француската амбасада кога неговото возило било запрено поради безбедносните мерки за колоната на Трамп, објави „Ла Депеш“.

Според извештаите, францускиот лидер му пришол на полицаец за да се распраша за блокадите. На видеото може да се види како му се јавува на Трамп и на шега вели: „Како си? Погоди што? Чекам на улица бидејќи сè е затворено поради тебе“.

Потоа Макрон решил да го продолжи своето патување пеш, одејќи околу 30 минути низ улиците на Њујорк додека разговарал со Трамп. За време на прошетката, тој се фотографирал со минувачите кои го препознале. Едно лице дури и го бакнала во челото.