МВР информира дека денеска (06.09.2025) хеликоптерот Бел 412 на македонската полиција бил на задача за гасење пожар во Берово и притоа во 24 налети исфрлил 36 тони вода.
-Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава, појаснуваат од МВР.
Големиот шумски пожар што ноќеска го загрози беровско е ставен под контрола. Пожарот избувна на месноста Гарваново Андак, поради што Општина Берово претходно ноќта преку социјалните мрежи апелираше до граѓаните да помогнат во неговото гаснење.