🎥Пожарникарите и пилотите од Србија испуштија 30 тони вода при гаснењето на пожарите во Македонија

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации на Србија, кои вчера со противпожарен хеликоптер „Камов Ка-32“ стигнаа во Македонија за да помогнат во гаснењето на шумските пожари, исфрлија 30 тони вода на пожарот на планината Огражден кај општина Новo Село.

Хеликоптерот „Камов К-32“, кој во регионот се издвојува по својот максимален капацитет, за прв пат беше испратен надвор од границите на Србија, а веднаш по пристигнувањето во Македонија, пилотите и пожарникарите ја започнаа акцијата за гаснење на пожарот, објавено е на Инстаграм-профилот на српското МВР.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера присуствуваше на испраќањето на припадниците на Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби на српското МВР кои полетаа за Македонија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вчера оствари одвоени телефонски разговори со министерот за европски и надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, министерката за надворешни работи на Романија, Луминита Одобеску, министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлич Радман.

Во фокусот на разговорите беа активните шумски пожари во земјава, при што беше понудена поддршка на земјава за нивно надминување. Дел од поддршката се реализира во рамки на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што пак претставува израз на европската солидарност.

Слични содржини