📽 Џенифер Лопез по 10 години ќе издаде нов албум, но и филм за својот живот

од Stefanija Kuzmanovska
397 прегледи

По речиси десет години, поп-ѕвездата Џенифер Лопез објавува нов албум под името „This Is Me…Now“, а истиот ден, 16 февруари 2024 година, ќе биде објавен и нејзиниот музички филм, објави ѕвездата на својот Инстаграм.

Режисер на филмот е Дејв Мејерс, а според најавите за медиумите, филмот е „екстравагантно визуелно и звучно уживање со импресивна кореографија, костими и бројни ѕвезди во камео улоги“.

Лопез го најави албумот во ноември 2022 година кога објави листа на песни во која беше вклучена „Dear Ben Pt. II“, а најверојатно станува збор за нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек, со кој ја обнови врската по години разделба и повторно се венчаа во јули.

Новиот албум е претставен „како најискрен и личен“, всушност е љубовна приказна на пејачката која досега има издадено осум студиски албуми, еден ремикс, три компилациски албуми, еден со музика од филмови, 65 синглови, пет песни за хуманитарни цели и 12 за промотивни цели.

Џеј Ло има продадено повеќе од 80 милиони плочи, пренесува „Хина“.

Слични содржини