688
Познатата манекенка Кејт Мос го рекреираше изгледот на Мерлин Монро за потребите на снимање реклама.
Имено, Кејт се појави во реклама за најновиот кармин на познат бренд, а во таа прилика изгледаше како Мерлин Монро од култниот филм „Мажите повеќе сакаат русокоси“.
Мос во рекламата можеме да ја видиме во розов фустан, со розови долги ракавици и дијаманти околу вратот, а многумина коментираа дека е одлична замена за легендарната Мерилин.
Покрај Мос, во видеото се појавуваат и актерката Михаела Џеј, како и моделите Џордан Дан, Меган Радерфорд и Бела Брокман-Тилбери.