Sony Honda Mobility Inc. (SHM) го најави својот нов бренд „Afeela“ со прототип на електричен седан минатата година, додека оваа година на саемот CES во Лас Вегас тој автомобил беше прикажан во речиси сериска форма.
Се вели дека Afeela ја изразува својата визија за создавање нов однос меѓу луѓето и мобилноста и планира да преземе нарачки однапред во првата половина на 2025 година.
Почетокот на продажбата е планиран за крајот на 2025 година, а првите испораки ќе започнат во пролетта 2026 година во Северна Америка.
Како што беше посочено, дизајнот на ова возило има за цел да создаде нови стандарди на вредност за мобилноста.
Во соопштението, SHM го вели и ова: „Бидејќи стигнавме до пресвртница каде елементите на автомобилот се движат од моќ и перформанси кон софтвер, мрежи и корисничко искуство, ја преиспитавме индивидуалноста и формата на дизајнот на возилото, и со понатамошно рафинирање, сакавме да ги нагласиме суштинските вредности и ги сублимираме во чист и моќен дизајн“.
https://www.youtube.com/watch?v=dH2fAVQ5F-I
Внатрешноста е заснована на нежен заоблен тон, обвивајќи ги патниците во мек кожурец. Не само што атмосферата е удобна, туку е дизајнирана да биде што е можно поедноставна, минимизирајќи ги украсите и боите што го одвлекуваат вниманието. Целта е функционалноста што ја сакаат луѓето.
Сè уште има голем дигитален дисплеј за возачот, сега зад изменетиот волан и опкружен со огромен екран кој се протега низ остатокот од контролната табла.
Другите карактеристики вклучуваат уникатен систем за поништување на шум кој ја комбинира стручноста на Honda и Sonny.
Планот е автоматизирано возење на Ниво 3 под ограничени услови и да се овозможи помош на возачот на ниво 2+ во уште повеќе ситуации како што е возење во град.
Должината на возилото е 4915 mm, ширина 1900 mm, висина 1460 mm и меѓуоскино растојание 3000 mm.
Afeela е опремена со два електромотори кои заедно имаат 489 КС, додека батеријата е 91 kWh (можно е брзо полнење до 150 kW).