Јанкулоски: По Бугарија, и Грција дополнително ќе не условува, а влегувањето во ЕУ ќе биде невозможно во наредните 30 години

од Destan Jonuzi

Убеден сум дека уставните измени нема ниту да бидат поставени во собраниска процедура. Дополнително работата се комплицира и со поставувањето услови и на партиите на Албанците, за Албанскиот јазик како втор службен, вели во изјава за „Локално“, Живко Јанкулоски – познавач на политичките случувања во Македонија и претседател на Партијата на обединетите демократи (ПОДЕМ), зборувајќи за црвените лини на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и барањата на партиите на Албанците за уставните измени.

– Очигледни се најавите на опозицијата да не бидат подржани уставните измени. И јас сум убеден дека нема ниту да бидат поставени во собраниска процедура. Дополнително се комплицира работата и со поставувањето услови и на Албанскта опозиција за Албанскиот јазик како втор службен јазик. Меѓутоа, убеден сум и дека со евентуални промени на уставот (што не е визможно), Бугарија, а и Грција ќе продолжат со доплолнителни натамошни условувања, со други барања и ќе биде невозможно пристапување во ЕУ во наредните 20 до 30 години, изјави Јанкуловски за „Локално“.

Според него, Македонија длабоко е навлезана во економска криза, и како што потенцира тој, може слободно да се каже дека во последните пет години државата е до бескрај осиромашена.

– Од година во година БДП паѓа надолу, веќе сме на дното, долгот максимално се зголемува, веќе надминува 8 милијарди евра, странските инвестиции ги нема, а тие што се, почнаа да си заминуваат, домаѓни воопшто нема, а големи гиганти како Фени, Бучим и дргуги се затворија. Корупцијата и понатаму е на максимално највисоко ниво, започнатите капитални проекти од пред пет години ова власт ги стопира. Имаме судство без доверба на граѓаните (8%), образованието е катастрофално лошо, земјоделците оставени сами на себе, едноставно кажано, нема нешто што во моментов функсионира и вистинско чудо е што сеуште оваа влада опстојува, вели претседателот на партијата ПОДЕМ – Живко Јанкуловски.

Сведоци сме, потенцира Јанкуловски, дека законодавниот дом не функсионира, при што доколку сите овие анаомали, а ги има според него и други, што не се нагаласани, земјата е во длабока политичка криза.

– При таква состојба освен прдвремени избори, друга алтернатива нема. Колку побрзо, толку подобро за граѓаните и за државата, подвлекува Јанкуловски.

Д.Ј.

Слични содржини