„Јас не стојам зад ова“: Селена Гомез добила повик од Хејли Бибер

од Stefanija Kuzmanovska

Селена Гомез објави на Инстаграм дека добила повик од сопругата на Џастин Бибер – поп ѕвездата со која Селена беше во врска десет години.

„Добив повик од Хејли Бибер и таа ми кажа дека добива смртни закани и многу навредливи пораки. Ова не е нешто зад кое стојам јас. Никој не треба да трпи злоупотреба и омраза. Отсекогаш сум била амбасадор на љубовта и навистина посакувам ова да престане“, напиша Селена Гомез на Инстаграм.

Нејзиното огласување доаѓа откако пред околу еден месец Хејли Бибер, сегашната сопруга на Џастин Бибер и нејзината пријателка Кајли Џенер ја исмејуваа Селена Гомез на Инстаграм.

Нивниот потсмев наиде на „нож“ од обожавателите кои се на страната на Селена Гомез.

Таа потоа ја престигна Кајли Џенер и стана најследената жена на Инстаграм, а истата недела Џастин Бибер беше исвиркан од обожавателите кои на концерт во Канада ја нарекоа неговата сопруга Хејли „кучка“.

Слични содржини