Џенифер Лопез нервозно им се обрати на новинарите: „Никој не го сака тоа“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се венчаа, а откако се дозна дека по 17 години од раскинувањето на веридбата тие се повторно вљубени, медиумите будно ги следат.

Сега на интернет кружи видео на кое се гледа како Џенифер дрско им одговара на новинарите кои на неа и на Бен им честитаа на венчавката.

Имено, двајцата влегувале во автомобилот кога новинарка им рекла: „Честитки, Џенифер и Бен“.

Актерката и пејачката потоа дрско ѝ вратила: „Никој не сака да го следите секој ден“. Никој“.

Афлек цело време молчел и го свртел лицето од камерата, а беше очигледно дека и тој не е расположен.

„Јас не сум тука секој ден, целосно те разбирам“, рекла новинарката, а Џенифер само ја треснала вратата од автомобилот и јасно ставила до знаење дека не сака да комуницира.

Слични содржини