🎥Неколку торнада во САД резултираа со тројца загинати:Има и повредени, не знаеме каде се

од Симе Стоиков

Американските власти денеска ги мобилизираа службите за итни случаи и спасување во руралните делови на Индијана и Охајо, откако повеќе торнада се појавија низ областа.

Три лица загинаа, а десетици беа повредени. Торнадото на места срамни со земја и низа куќи.

„Имаме три жртви во округот Логан, Охајо. Најмалку едно торнадо помина низ таа област вчера околу 19:45 часот“, изјави шерифот Рандал Додс.

Во исто време, торнадо го зафати Винчестер, Индијана, јавува „CBS News“.

„Има многу повредени, но не ја знам бројката. Не знам каде се. Не знам колку се сериозни повредите“, изјави Даглас Картер, началник на полицијата на државата Индијана.

Во Кентаки, најмалку 50 објекти, вклучително и домови, беа оштетени за време на невремето. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, објави дека има повредени и ги предупреди жителите на продолжување на невремето.

„Добиваме извештаи за значителна штета, особено во градот Милтон“, рече тој.

Слични содржини