🎥Руте се приближи и ја подаде раката, но Ердоган имаше други планови

од Симе Стоиков

По средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и холандскиот премиер Марк Руте во Истанбул е видена непријатна сцена.

На снимката се гледа дека Ердоган не сакал да се ракува со холандскиот премиер кога по заедничката прес-конференција му пришол со подадена рака, но турскиот лидер му покажал да оди на другата страна.

Руте застана, но толку се збуни што потоа тргна во погрешна насока.

Сепак, многумина сметаат дека Ердоган едноставно не ја забележал подадената рака и се наведува дека се ракувал со Рута неколку минути по инцидентот кога од различни страни оделе околу масата и застанале пред новинарите.

Холандските медиуми јавуваат дека средбата поминала во прилично топла атмосфера и дека Анкара ќе ја поддржи кандидатурата на Руте за функцијата генерален секретар на НАТО. Руте претходно рече дека на јужното крило на НАТО му треба турското раководство за да постигне регионална стабилност.

Слични содржини