🎥Штета над 2,5 милиони евра: Провалил во винарија во Шпанија и истурил вино од две најскапи сорти

од Nikola Popovski

Шпанска винарија претрпела загуби од повеќе од 2,5 милиони евра откако неидентификуван натрапник истурил 60.000 литри вино.

Претставник на винарската визба „Сепа 21“ изјавил за Би-Би-Си дека истуреното вино е од две од најскапите сорти, додавајќи дека инцидентот се случил околу 3:30 часот по локално време во неделата и дека натрапникот најверојатно бил запознаен со просториите на винаријата.

Полицијата го истражува случајот, при што на надзорната камера е забележано лице со качулка како ги отвора резервоарите и бурињата со вино.

Претставникот на „Сепа 21“ изјавил дека „тешко било да се отворат резервоарите“ во кои има безбедносен механизам, а претходно да не си запознаен со такви информации.

„Лицето многу лесно и вешто се движеше низ просториите, иако беше темно. Тоа мора да биде човек кој многу добро ја познава винаријата“, додал претставникот.

Натрапникот отворил пет резервоари, иако само во три имало вино. „Сепа 21“ се наоѓа во Кастриљо де Дуеро, мало село на северо-источниот дел на Шпанија.

Слични содржини