Алонсо по „дублот“ со Леверкузен: Оваа сезона ќе се памети долго

од Vladimir Zorba

Титулите во лигата и ДФБ-Покал на Баер Леверкузен е резултат на тоа што играчите ја задржаа вербата во тимот во текот на сезоната која се претвори во остварување на сонот, изјави тренерот на Леверкузен, Чаби Алонсо.

Леверкузен го додаде германскиот куп на својата бундеслигашка круна со победата од 1-0 над второлигашот Кајзерслаутерн.

„На крајот на денот да се победи вака значи дека покажавме дух, се боревме за нашите навивачи. Огромен успех е да се освои дублот. Секогаш ќе го паметиме тоа“, рече Алонсо.

Леверкузен загуби само еден од 53 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, а нивниот единствен пораз е во финалето на Лига Европа против Аталанта во средата.

Фудбалерите на Леверкузен успеаја да се реваншираат во саботата и покрај тоа што играа со 10 играчи повеќе од половина натпревар, стигнаа до победата благодарение на голот на Гранит Џака во 16. минута.

„Најважна беше вербата на тимот. Тие беа подготвени да се борат со 10 играчи и јас сум горд на тоа. Ми треба време да го прифатам она што се случи оваа сезона. Тоа беше сезона од соништата која долго ќе се памети време и да се прослави вака последниот ден овде е посебно“, додаде Алонсо.

Слични содржини