Зеленски ги покани светските лидери да учествуваат на мировниот самит во Швајцарија

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до светските лидери од Харков, во пресрет на мировниот самит во Швајцарија, порача дека не постои нација која може сама да ја запре војната во Украина и дека за тоа е потребно вклучување на највисоките светски претставници и ги повика да се приклучат што е можно повеќе.

Зеленски изјави дека Русија е управувана од луѓе кои сакаат уништувањето на животи, градови и села да стане норма, како и бришење на националните граници преку војна, се наведува на веб-страницата на украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека зборувал од Харков, каде, како што наведе, има трета година постојан терор, бидејќи руските сили секоја вечер и секој ден го гранатираат градот, најмногу со ракети С-300.

Слични содржини